Утрински Весник
Спорт

Премиер лигата официјално објави што ќе се случи со играчите чии договори истекуваат

Продолжен летниот трансфер прозорец во Премиер лигата

Лондон, 14 мај 2020 (МИА) – Играчите чии договори истекуваат на 30 јуни годинава, ќе можат да останат во нивните сегашни клубови до крајот на сезоната. Ова беше објавено во официјалното соопштение на Премиер лигата.

Овие играчи ќе потпишат краткорочно продолжување на нивните договори, така што тимовите ќе можат да ја завршат кампањата со своите целосни состави. Се разбира, за тоа да се случи, двете страни мора да се согласат.

Клубовите и играчите треба до 23 јуни да се договорат за предметното продолжување.

– Она што денес решивме е да обезбедиме, колку што е можно, клубовите да ја завршат сезоната со истите состави што ги имаа пред кампањата да запре. Играчите можат да ги продолжат своите договори по 30 јуни – до крајот на сезоната, но за тоа е потребна согласност од обете страни, изјави извршниот директор на Премиер Лигата, Ричард Мастерс.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Италија го обрани Дејвис купот, Синер влезе во историјата на тенисот

Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон