Утрински Весник
Економија

Заев: Со новиот економски пакет ги стимулираме и јавната и приватната потрошувачка

Заев за ТВ Сител: Прво да се испорачаат мерките вредни 200 милиони евра помош за работниците, стопанството и фирмите

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Целта на новиот економски пакет на Владата е стимулирање на јавната и приватната потрошувачка, објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.

– Со новиот економски пакет ги стимулираме и јавната и приватната потрошувачка. Ќе стартуваат проекти кои беа планирани за 2021 или 2022 година. Се работи за водоводи, патишта, канализации, гасификацијата, железници, училишта и градинки. На тој начин ќе го активираме градежништвото, а тоа придвижува и 72 други гранки со него, наведува Заев во објавата.

Тој потенцира дека дополнително ќе бидат насочени средства директно кон граѓаните за да ѝ помогнат на домашната економија.

– Тие ќе трошат таму каде што можат да помогнат купувајќи домашни производи, домашни услуги, додава Заев во објавата на Фејсбук. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега, велат од СДСМ

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство