Утрински Весник
Македонија

Улиците во државава ќе бидат дезинфицирани со еколошко средство донирано од српаската компанија Ozonway

Улиците во државава ќе бидат дезинфицирани со еколошко средство донирано од српаската компанија Ozonway
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Донација од 6.000 литри еколошко средство за дезинфекција на улици и јавни површини денеска прими директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски фирмата Ozonway од Р. Србија преку сестринска фирма Ozonway во Р. С. Македонија.

Од ДЗС информираат дека Џаферовски се заблагодарил во име на Владата и од Дирекцијата за заштита и спасување за донацијата, која помош, според него,  доаѓа во клучни моменти за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот.

Средствата ќе бидат распределени на општинските штабови кои ќе ги користат за дезинфекција на улиците и јавните површини. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот

МЖСПП стави во функција нов веб портал за квалитет на воздухот

Димитријевиќ: Граѓаните го видоа предавството на Македонија во Собранието, мигранти за пари