Скопје, 14 мај 2020
Јавно да кажеш дека изборите треба сега да се одржат само заради здравјето на граѓаните и притоа да не се засрамиш, има само 2 реални објаснувања зошто мора да го говориш тоа. Едното е да си отсутен од реалноста или народно кажано да ти летнало врапчето, а другата да си слеп послушник на Зоран Заев чиј пораз сакаш да го ублажиш.
Суштината на СДСМ и Зоран Заев е дека брзаат за избори среде пандемија во која може да броиме човечки жртви наместо гласови од граѓаните е само поради 2 причини.
1. Република Македонија е пред економски крах и ќе крахираме како држава и економија затоа што има дупка во Буџетот и стопанството трпи огромни штети само заради неспособноста на Владата на СДСМ да се справи со економската криза.
2. СДСМ и Зоран Заев грчевито се борат да го ублажат поразот и падот на кариерата на Зоран Заев, кој по секоја цена е неизбежен.
Поразот на Зоран Заев е неизбежен, иако воопшто не им е гајле за здравјето на граѓаните и по секоја цена дури и по цена на човечки животи на граѓаните на Република Македонија се подготвени да организираат избори, во моменти кога нема апсолутно никакви услови.
Очајноста и стравот од пораз е очигледен и СДСМ мора да се соочат со тоа.
Тука веќе е јасно се гледа кој работи и се бори за граѓаните, а кој работи и се бори против граѓаните односно се бори да ја спаси сопствената кожа од пораз тоа е Зоран Заев.
Најнакрај, Љупчо Николовски говори за некоја нова нормалност која треба да гради можности, ова е малку несфатлива теза за граѓаните и за нас, но морам да му потенцирам и објаснам дека новата нормалност со која ќе се соочат е дека СДСМ, Зоран Заев и сите останати од власта на СДСМ се завршена приказна и ќе одговараат за сите криминалии кои ги сториле во минатото.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.