Ја обожавам сезонава кога има тиквички во изобилие и можам да ги комбинирам во скоро секое јадење. Ова ми е еден од омилените и нај брзи начини на подготовка.
Исечете ја тиквичката на не многу дебели кругови и оставете ја во вода со сол да постои најмалку 10-15 минути, а може да стои и до неколку часа. Потоа спремете брашно во еден сад, а вода со зачини по желба во друг сад. Круговите тиквичка од солената вода извалкајте ги во брашно, па потопете ги во водата со зачините. Протресете ја водата и директно ставајте во загреано масло во тава или тенџере. Пржете ги од двете страни дури не добијат убава златно кафена боја. Компирите се печени само со зачини, а сосот е павлака, мајонез, сенф, сок од лимон и сушен магдонос.
View this post on Instagram