Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Нови 29 казнени налози од ОЈО Скопје

Струшко обвинителство поднесе казнени налози против две лица за непочитување на полицискиот час
300x250 opst2

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 29 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Скопје.

-Сите обвинети, во одделни кривично-правни настани, го прекршиле полицискиот час на територијата на Скопје и не се придржувале до донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, информираат од обвинителство.

За секого од обвинетите, Обвинителството предложи парична казна во износ од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. оџ​/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето