Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп шест новозаразени лица

Во Прилеп шест новозаразени лица

Прилеп, 14 мај 2020 (МИА) – Шест нови случаи на заразени лица од Ковид, денеска се евидентирани во Прилеп, што значи со вчера регистрираните пет лица, само за два дена има 11 новозаразени. До овој момент нема информации за новоизлекувани од заразната болест, информираат локалните власти.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 19 лица, од кои 13 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се шест пациенти од кои тројца се негативни на коронавирусот, а на другите тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 168 лица.

Инаку, во изминатото деноноќие се забележани четири нарушувања на полицискиот час. ем/вг/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање