Сатна, 14 мај 2020 (/) – Индијка која со своето семејство патувала низ својата земја без превозно средство, родила бебе и веднаш продолжила да пешачи уште 160 километри.
Жената, чие име не се знае, како што пренесува Си-Ен-Ен, со својот сопруг, нивните досегашни четири деца, а сега и со нејзиното женско новороденче, патувале пешки од градот Нашик во индиската сојузна држава Махараштра до Сатна, Мадја Прадеш. Пред извесно време, а неколку дена по раѓањето, тие биле запрени од Кавита Канеш, патролна полицајка од Мадја Прадеш.
– Родилката одморила само 1,5 – 2 часа по раѓањето, и веднаш продолжила да пешачи. Семејството немало пари, немале со што да патуваат и никој не им понудил превоз, изјави Канеш. Според неа, бебето се родило на 5 мај.
Според нивното кажување, семејството поради корона-кризата, веќе не можело да заработува за живот, па морало да го напушти својот дом во Нашик.
Индија досега има над 78.000 лица заболени од коронавирус, од кои 2.551 се починати. си/сд/