Утрински Весник
Спорт

Ракометното првенство нема да се доигра, познато кои екипи ќе играат во Европа следната сезона

Ракометното првенство нема да се доигра, познато кои екипи ќе играат во Европа следната сезона

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – УО на РФМ на денешната седница одлучи дека нема да има шампион за сезоната 2019/20. Наредното, пак, првенство ќе се игра според шемата 14+2, односно во првата фаза ќе настапат 14 екипи поделени во две групи, додека во фазата плејоф ќе се приклучат и Вардар со Еурофарм Пелистер.

Донесена е и одлука кои екипи ќе ја претставуваат земјава во европските клупски натпреварувања. Вардар ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, додека за Еурофарм Пелистер е оставена можноста да аплицира за најпрестижниот ракометен турние во Европа.

Металург, Еурофарм Пелистер и Бутел ќе бидат дел од новоформираната Лига Европа.

Тимот од Автокоманда веројатно ќе биде директен учесник во групната фаза на Лига Европа, додека во најлош случај ќе мора да одигра едно квалификациско коло за влез во групната фаза.

За разлика од Лигата на шампионите, списокот на учесниците во Лига Европа ќе биде познат дури на 21 јули, а се очекува и откажување на извесен број на екипи кои можат да настапат во Лига Европа, но веројатно ќе го одбијат тоа поради финансиските проблеми предизвикани од корона-кризата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига