Утрински Весник
Економија

Ангеловска на „Корона дијалози“: Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз економијата

Ангеловска дел од Акциската група против Ковид 19 на Светскиот економски форум

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска ќе учествува во академските онлајн дијалози наречени „Корона дијалози“, на тема „Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз економијата“.

Како што соопшти Министерството за финансии, овие дискусии имаат за цел да ја вклучат академската заедница, професорите и студентите во размена на мислења, а со тоа и креирањето на јавните политики преку интеракција со институциите и реалниот сектор.  

Покрај министерката за финансии, на дискусијата ќе учествуваат и професорите Глигор Бишев, Гордана Трајкоска, Оливера Костоска, Мирослав Гвероски, Анета Трајковска од Стопанската комора и Марјан Ѓуровски, кој е модератор  и иницијатор на онлајн активноста „Корона дијалози“. мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

ММФ предвидува: Македонија и регионот меѓу најбрзорастечките економии во Европа до 2031 година

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза