Велес, 13 мај 2020 (МИА) – Според ЈЗУ Центар за јавно здравје во изминатите 24 часа во Велес е регистрирано едно лице позитивно на Ковид-19, со што бројката се искачи на 109 од кои 50 се активни. Исто така и вчера беше регистрирано едно лице, а откако претходно два дена немаше нити еден ново регистриран со Ковид-19.
Инаку како што информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје, новозаразениот не е поврзан со нити еден кластер досега и се води како случај „сам за себе“.
На Инфективното одделение во велешката Општа болница синоќа околу 2 часот по полноќ почина 76 годишен пациент на кој нагло му се влошила состојбата, информира за МИА, портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Весна Неделковска Николова. Со тоа бројката на починати во Велес се зголеми на пет.
Воедно поради влошување на состојбата двајца пациенти мажи на 38 и 57 години вчера од Инфективното одделение на велешката болница итно биле префрлени на понатамошно лекување на Инфективната клиника во Скопје.
Инаку моментално на Инфективното одделение при велешката Општа болница хоспитализирани се 24 од кои кај 22 пациенти е потврден присуството на Ковид-19,а двајца чекаат резултати од тест. ад/ац/