Утрински Весник
Македонија

Повикот за творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“ отворен до 10 јуни

Повикот за творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“ отворен до 10 јуни

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Детскиот ликовен центар и Федерацијата на училишен спорт на Македонија соопшти дека во рамките на проектот Фер Шанса за Младите во Спортот заклучно со 31 март 2020 година беше објавен Повик за детски ликовни творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“, но поради корона кризата детските творби ќе можат да се испраќаат до 10 јуни.

Целта е низ ликовен израз да се адресираат насилството помеѓу младите спортисти, но и меѓу навивачите кои се инспирирани од спортски, но и од национални, верски и други причини, како и дискриминацијата кои повремено се појавуваат на спортските настани.

-Со овој повик сакаме да ги мотивираме учениците кои ја сакаат ликовната уметност со својата кретивност и вештина преку ликовните дела во различни техники (акварел, графика, темпера…) да ги изразат своите ставови за облиците на насилство и дискриминација, но и начините како истите да се надмнат: гушкање на противничките екипи пред или после натпревар, фер навивање за своите, а не против другите, натпревар со момчиња и девојчиња, бруталности на спортските терени, навредувањето на послабите, тепачки меѓу навивачи, запоставување на девојчињата во спортот, бркање на деца на улици. За жал, наведуваат, заради пандемијата од корона вирусот, училиштата во изминатите два месеца беа затворени и така ќе остане се до почетокот на новата учебна година во септември оваа година. Но, не сакајќи да го ограничуваме Вашиот креативен дух и творештво, ве покануваме до 10-ти јуни да подготвите ликовни творби на тема „Борба против насилство и дискриминација помеѓу децата во спортот“, наведуваат организаторите.

Творбите може да се доставуваат како скенови или фотографии на следната e-mail адреса: likovencentar@yahoo.com. За најдобрите млади творци се предвидени награди.

Проектот Фер Шанса за Младите во Спортот е организран со партнерски организации од Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија, Србија и од Босна и Херцеговина. вг/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вучиќ–Сиљановска Давкова: Србија и Северна Македонија можат да понудат многу во лозарството и туризмот

Шумски пожар над охридските села Куратица и Опеница, на терен дејствуваат три ер-трактори

ДУИ да одговори – дали за време на нивните патувања избегнуваат скенери, вели Таравари