Утрински Весник
Спорт

Барса со непријатно изненадување за навивачите

Барса и Реал ќе играат на „Камп Ноу“

Барселона, 13 мај 2020 (МИА) – Поради кризата, управата на Барселона одлучи да не ги врати парите на оние навивачи со сезонски билети за „Камп Ноу“, пренесоа шпанските медиуми.

Станува збор за 85.000 обожаватели кои платиле помеѓу 150 и 1.250 евра за сезонски карти.

Шампионите на Ла Лига немаат приход и не се во можност да ги повлечат потребните суми за да ги компензираат навивачите, кои оваа сезона сигурно нема повторно да стапнат на стадионот, откако натпреварите ќе се играат пред празни трибини.

Каталонците разгледуваат различни опции за компензација, вклучително ваучери за клупски артикли или билети за некои идни натпревари.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства