Тетово, 13 мај 2020 (МИА) – Раководството на Универзитетот во Тетово, по повод организирањето на „Отворените денови“ одржа и прес-конференција со цел пред јавноста да се претстави академската понуда за претстојната академска 2020/2021 година.
Од денеска до 15 мај поради состојбата со коронавирусот сите заинтересирани матуранти на интернет може да комуницираат со професорите и административниот кадар и притоа веднаш да добијат одговор.
-Од денес започнаа на Универзитетот отворени денови и се повикуваат студентите да студирираат еден од 13 различни факултети со многу програмски студии. Нашиот универзитет сега е еден модерен Универзитет кој нуди многу модерни студии на разни факултети. Кај нас на Правниот факултет една од новините се две програми каде може да се добијат 240 кредити. Тоа се студии по право со стекнување на звање дипломиран правник и студии по криминалистика за дипломиран криминалист, истакна на прес- конференцијата Ќебир Хавзиу, декан на Правниот факултет.
Универзитетот има поднесено соодветна документација до Министерството за образование и наука со цел да се утврди бројот на слободни места по факултети. Првиот уписен рок ќе биде во август. За онлајн комуникација во рамки на отворените денови потребно е да користи можноста преку веб-страницата www.unite.edu.mk. aс/рп/