Утрински Весник
Македонија

МИОА ги отфрли како неточни тврдењата на КСС за јавната администрација

МИОА: Со мерките во планот за широкопојасен интернет до побрз интернет

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ги отфрли како неточни денешните тврдења на Конфедерацијата на слободни синдикати за јавната администрација.

Во соопштението, МИОА наведува дека вработените во јавната администрација не одат на работа, туку работат од дома веќе втор месец согласно препораките за справување со коронавирусот и нивните плати се непроменети од пред кризата.

– Единствено, со уредба со законска сила Владата одлучи, избраните и именувани лица како знак на солидарност да земаат минимална плата. По одлуката на Уставниот суд, најголем дел од нив сепак се одлучија платата да ја донираат во фондот наменет за справување со Ковид-19, велат од МИОА.

Оттаму апелираат до КСС да престане со ширење на дезинформации, особено во вонредни услови бидејќи на тој начин не му помагаат на никој, а особено не на вработените во јавната администрација. бак/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камион и автомобил се судриле во Охрид, едно лице тешко повредено

Европска ноќ на истражувачите: Македонското еколошко друштво – дел од европската прослава на науката

Oд мај до август констатирани 10.411 прекршоци, 604 моторџии возеле без возачка, одземени 423 мотоцикли и тротинети