Утрински Весник
Економија

Занаетчиите му доставија барања на министерот Бектеши за надминување на моменталната состојба

Занаетчиите му доставија барања на министерот Бектеши за надминување на моменталната состојба

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Досега немало затворање на занаетчиските дуќани, но многу од нив три месеца немале промет. Нивни претставници денеска на министерот за економија му доставија предлози за надминување на моменталната состојба во која се наоѓаат поради кризата предизвикана од корона вирусот.

Дел од барањата се посебни кредитни линии и минималната плата да се исплаќа додека трае кризата.

Министерот за економија Крешник Бектеши вети дека барањата на Занаетчиската комора ќе бидат разгледани.

– Се согласивме дека нивните барања можат да се реализираат и со третиот сет мерки што Владата за кратко време планира да ги претстави. Нивните барања беа да има и посебни кредитни линии имајќи предвид дека првичните кредитни линии од Развојната банка главно беа насочени кон угостителството, туризмот и транспортот, изјави Бектеши по средбата.

Од Занаетчиската комора велат дека нивните предлози се насочени кон тоа да опстанат занаетите бидејќи, како што посочуваат, ги очекува криза.

– Занаетчиството е во тешка состојба. Ги пренесовме нашите барања кои сметаме дека треба да се исполнат. Од страна на министерот беше кажано дека сите наши барања ќе бидат разгледани со цел да им помогнеме на занаетчиите да ги задржат дуќаните отворени и да ги задржат работните места, вели Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиската комора.

Во Занаетчиската комора има околу 8.000 регистрирани занаетчии во 14 регионални занаетчиски комори. бак/сп/

Прес Бектеши со здружение на занаетчии

Posted by MИА.mk on Среда, 13 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Власта веднаш да ги намали цените на горивата, бара СДСМ

Цените на нафтата се пратија на нивото под 100 долари за барел

Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви