Утрински Весник
Спорт

Ница ќе потроши 80 милиони евра за трансфери

Ница ќе потроши 80 милиони евра за трансфери

Ница, 13 мај 2020 (МИА) – Сопственикот на Ница, Џим Ратклиф и неговата компанија „ИНЕОС“ ќе издвојат 80 милиони евра за летни трансфери, објави „РМЦ“.

Претходно, спортскиот директор на клубот, Жулиен Фурние, истакна дека клубот нема да купува скапи играчи.

За потсетување, францускиот фудбалски клуб одлучи да не ги откупи правата на Риза Дурмиси, Муса Ваџ и Адам Унас, кои играа за „орлите“ оваа сезона на позајмица. Дефанзивецот Маланг Сар, кој го завршува договорот, исто така, ќе го напушти тимот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ