Утрински Весник
Македонија

Велешкото Здружението на пензионери со парична помош помогнаа над 100 свои членови

Велешкото здружение на пензионери од парно на нафта премина на инвертер клими

Велес, 12 мај 2020 (МИА) –  Здружението на пензионери од Велес изминатата недела во два наврати со финансиска помош од 1.500 до 3.000 денари им помогнаа на 30  свои членови – пензионери, кои се со пониски пензии и во тешка социјална состојба или нарушено здравје.

Веле Алексоски, претседател на Здружението на пензионери од Велес истакна дека за време на вонредната состојба со Ковид-19, ваква парична помош досега примиле над 100 нивни членови со нивните семејства и најави дека ќе продолжат и понатаму со делење на ваква помош.

– Целта ни е  во овие вонредни и тешки околности  да им помогнеме на овие наши членови и нивните семејства  и  барем за малку да им ја олесниме  тешката материјална состојба, а за да можат да си набават  основни прехранбени артикли храна и лекови, потенцира Алексоски.

Алексоски инфрмира дека досега ги посетиле домовите на некои од социјално најзагрозени членови во повеќе населени места од општините Велес, Градско и Чашка; во населените места Извор,Теово, Богомила, Согле Смиловци.

Тој воедно најави дека со ваквите свои посети ќе продолжат кон крајот на  мај и почетокот на јуни.

Алексоски  информира дека и во овие вонредни услови на Ковид-19 тие во соработка со Министерството за труд и социјална политика во текот на неделата од понеделник до петок продолжуваат со редовното делење на еден оброк – ручек на свои социјално загрозени членови во дневните центри за пензионери во Теово, Извор, Чашка, Богомила и Градско.

Аи посочи дека им помагаат и на останатите социјално загрозени и настрадани семејства при семејни и други несреќи и пожари.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk