Утрински Весник
Македонија

Кабинет на Претседателот: На лидерската консензус дека здравјето е приоритет, натамошните чекори на нова средба

Кабинет на Претседателот: На лидерската консензус дека здравјето е приоритет, натамошните чекори на нова средба

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) –  Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски соопшти дека на денешната лидерска средба со консензус е одлучено дека здравјето на граѓаните останува приоритет и оти на почетокот на следната недела ќе се одржи нова средба за натамошните чекори откако ќе се добијат мислења од Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР.

-Во однос на понатамошните чекори договорено е да се побара мислење од Комисијата за заразни болести во однос на мерките и протоколите кои треба да се почитуваат при одржување на изборни процеси во време на пандемијата на КОВИД-19. Државната изборна комисија е потребно да достави мислење за временските рокови кои и се потребни за завршување на подготовките за спроведување на изборниот процес, а исто така ќе биде побарано и мислење од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за временската рамка во која може да испратат набљудувачка мисија за изборите. На почетокот на идната недела ќе има повторно лидерска средба на која ќе се дискутираат понатамошните чекори, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот на државата.лв/са/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шок за иселеник: Работи во Швајцарија, а дома го чекал долг од 82.000 евра за кредит што никогаш не го зел

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра 

Тошковски: Германската поддршка е силна потврда за партнерството во борбата против организираниот криминал и заштитата на границите