Утрински Весник
Економија

Бензините од полноќ поскапи за 3,5 денари

Бензините од полноќ поскапи за 3,5 денари

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат за три и пол денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 54 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98
ќе се продава по цена од 56 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ќе биде
45,50 ден/лит.

За 2,5 денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство така што новата негова цена ќе биде 33,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 2,026 ден/кг во однос на минатонеделната ценатака што во следните седум дена ќе се продава по цена од 18,169 ден/кг.

Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 проценти што според РКЕ се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.

– Минатата недела на светскиот пазар беше регистрирано зголемувањето на референтните цени на сите нафтените деривати, а дел од нив пораснаа приближно и за 50 проценти. Пазарот реагира на намаленото производство како резултат на одлуката од последниот состанок на ОПЕК на кој се заклучи да се ограничи производството на сурова нафта со што практично се прави обид да се отпочне со урамнотежување на понудата и побарувачката на пазарот со сурова нафта. Иако пазарот реагира на намаленото производство, сеуште цените на нафтените деривати во овој момент се под нивото на цените на нафтените деривати кои ги имавме минатата година, вели првиот човек  на РКЕ, Марко Бислимоски. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025