Утрински Весник
Македонија

Синдикатот за здравство и фармација апелира граѓаните да се воздржат од организирање настани и верски манифестации

Синдикатот за здравство и фармација апелира граѓаните да се воздржат од организирање настани и верски манифестации

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита апелира до граѓаните да се воздржат од организирање настани и верски манифестации.

– Вработените во здравството заедно со вработените од полицијата и одбраната, беа, се и ќе останат на првата борбена линија на заштита на здравјето на граѓаните, но во надминување на состојбата ни е потребна заедничката соработка и солидарност од сите нас. Почитувањето и придржувањето кон мерките за заштита, значи зачувување на сопственото здравје, здравјето на нашето семејство и на сите нас, се вели во денешното соопштение.

Синдикатот препорачува да се почитуваат мерките и препораките бидејќи само така заеднички може да победи вирусот.

– Вработените во здравството несебично го даваа својот придонес во изминатиот период ризикувајќи ги и своите животи, дел и заболеа од вирусот за да спасат други животи, па затоа е неопходно да не дозволиме ширење на вирусот, да ги почитуваме мерките и заедно да бидеме победници. Само така можеме да ја извојуваме победата и што побрзо да го вратиме нормалното живеење, наведува Синдикатот. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер