Утрински Весник
Македонија

Неколку прекршувања на полицискиот час на подрачјето на СВР Велес за викендот

Неколку прекршувања на полицискиот час на подрачјето на СВР Велес за викендот

Велес 11 мај 2020 (МИА) – Како што информираат од СВР Велес во изминатите 24 часа на нивната територија која ги опфаќа Велес, Кавадарци и Неготино немало прекршување на полицискиот час. Но затоа вчера имало две лица, по еден во Велес и во Неготино, кои не ги почитувале мерките. Најмногу прекршувања изминатиот викенд имало во петокот наспрема саботата – пет, и тоа тројца во Велес и двајца во Неготино. Во Кавадарци полицијата не евидентирала прекршители.

Според информацијата од портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски во петокот спрема сабота има нови 39 лица со решенија за изолација и пет со изјава са самоизолација и сите во Велес. Вчера немало нови регистрирани лица со решенија за изолација, а со изјава за самоизолација има три лица и тоа едно во Кавадарци и двајца во Неготино.

Во изминатото деноноќие од вчера до утрово до 5 часот, во овој период има 19 нови регистрирани лица со Решенија за изолација и сите се во Велес, а со изјава за самоизолација има две лица, и тоа, и двете во Велес.

Вкупно со решение во изолација има 161 лице, од кои 156 во Велес, пет во Неготино, а со изјава за самоизолација има вкупно 45 лица, од кои 29 во Велес, девет во Кавадарци и седум во Неготино.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски. ад/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег