Утрински Весник
Македонија

Повреден мотоциклист во сообраќајка на автопатот Велес-Градско

Во сообраќајка кај Карпалак еден потешко повреден, двајца со лесни повреди

Велес, 11 мај 2020 (МИА) – Дваесет и едногодишниот Ѓ.П. од Велес бил повреден во сообраќајка што се случила вчера, во 12.35 часот, на автопатот Велес–Градско. Сообраќајната несреќа се случила меѓу патничко возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот  К.Е. од велешкото село Сливник и мотоцикл „јамаха Р6“, со велешки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.П.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, по незгодата мотоциклистот бил пренесен во Општата болница – Велес за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Од ЈЗУ Општа болница – Велес, како што информира портпаролот Весна Неделковска Николова, повредениот се здобил со отворена скршеница на надлактица и на потколеница и поради тежината на повредите бил препратен  на понатамошно лекување на Клиниката за трауматологија во Скопје. ад/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ