Утрински Весник
Спорт

Гигс препорача уште еден играч на Манчестер Јунајтед

Пенал го спаси Јунајтед од уште едно разочарување на „Олд Трафорд“

Манчестер, 10 мај 2020 (МИА) – Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс го советуваше клубот да земе уште еден играч што многу добро го познава – Џо Роден од Свонси, открива „Мирор“.

Минатото лето, велшкиот тренер го препорача Даниел Џејмс, кој досега ги исполни очекувањата.

Роден има 22 години и игра како централен дефанзивец. Тој е дете на Свонси и Гигс веќе му даде шанса да го направи своето тим деби за „змејовите“. Се споменува трансфер од 20 милиони фунти.

Сепак, има информации за интерес за него и од ривалот Манчестер Сити.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години