Утрински Весник
Македонија

Избори на средината на јуни, заеднички став на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

Избори на средината на јуни, заеднички став на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

Скопје, 10 мај 2020 (МИА) – Да се искористи моментот на олабавување на коронавирусот и да се оди на избори во средината на јуни, поточно на 14 јуни, е заедничкиот став на коалицијата „Можеме“ што се изгради на денешниот состанок на претседателите на партиите од коалицијата во седиштето на СДСМ, а кој ќе биде претставен на лидерската средба во вторник кај претседателот Стево Пендаровски.

-Заклучивме дека на државата и се потребни избори веднаш штом се создадат услови за нивно одржување. Доколку продолжи да се намалува заразата тоа е најдобро од здравствен и економски апсект. Добро е да се одржат во такви услови зашто не се загорозува здравејто на граѓаните, посебно што на есен се очекува нов пик. Тоа би и дало можност на држата подобро да се подготви за новиот бран со Собрание и функционални инситуции, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по средбата.

Тој нагласи дека кризата со корона вирусот остви сериозни последици на економијата и затоа, како што кажа, се потребни Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземат соодветни чекори за нејзино надминување.

-Нашата држава навремено презеде мерки и добро се справува со вирусот, но не треба опуштање и затоа апелираме граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат сите препораки, потенцира Заев. вј/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер