Скопје, 10 мај 2020
Очајот во СДСМ е се поочигледен.
Наместо Заев да испраќа свои луѓе да држат празни изјави пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, треба да излезе пред народот и да се соочи.
Зоран Заев треба да ја признае својата вмешаност во случајот „Рекет“.
Зоран Заев треба да се извини за навредите кои ги упати кон народот.
Вчера се слушна и како го пцуе и навредува својот народ. Се дозна и дека го контролирал студентското движење. слушнавме што мисли за шарените, но добро е и да знаат Албанците што мисли тој за Али Ахмети.
Вистината не може веќе да ја сокрие Заев.
Дојде време на вистината. Дојде време кога сите криминалци како Зоран Заев ќе одговараат пред словото на правдата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки