Утрински Весник
Спорт

Конте инсистира да го има Видал

Конте: Лукаку може да го подобри Интер

Милано, 10 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал се приближува кон Интер, пишува „Тутоспор“.

Според италијанскиот весник, тренерот на „нероазурите“ Антонио Конте го сака Чилеанецот во неговиот тим за следната сезона.

Двајцата се во многу добри односи уште од времето во Јувентус. Италијанскиот стратег инсистираше многу на Видал во јануари, но Каталонците не дозволија да се случи договорот.

Јужноамериканецот има договор со „блаугранас“ до 2021 година. Високата плата на Видал и незадоволството од неиграње често ги тера Барса да сакаат да се разделат со него.

Покрај тоа, „Камп Ноу“ сака да ги стекне правата на уште еден играч од средниот ред – Миралем Пјаниќ од Јувентус.

Барселона сака да го привлече Лаутаро Мартинез од Интер, но „нероазурите“ сакаат овие да бидат две одвоени операции.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата

Рустемовски избори четвртфинале на ЕП во бокс

Струга реди домашни победи без примен гол