Утрински Весник
Македонија

Во изолација нови 57 лица, решенија за самоизолација потпишале 13 лица

Филипче: Добрите резултати се заслуга на секој граѓанин кој ги почитува мерките и го штити јавното здравје

Скопје, 10 мај 2020 (МИА) – Нови 57 лица во изминатото деноноќие добиле решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму наведуваат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗР: Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата  

Чавушоглу: Oд Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци

Филков до опозицијата: Во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот