Утрински Весник
Спорт

Венгер: Истекува времето на Роналдо и Меси

Венгер сака да води репрезентација на Мундијалот 2022

Лондон, 10 мај 2020 (МИА) – Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер изрази жалење што истекува времето на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

– Никогаш не сме виделе такви играчи толку креативни во секоја тешка ситуација. Сепак, нивното време истекува и сега можеме да зборуваме за следната генерација на суперsвезди. Во него, Французите може да дојдат до израз. Во оваа фаза, лидер може да стане Килијан Мбапе. Не треба да го забораваме Нејмар, секако, рече Венгер.

Во последните 12 години, Меси има освоено шест Златни топки додека Роналдо – 5. Само Лука Модриќ успеа да ја сруши доминацијата на Португалецот и Аргентинецот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига