Вашингтон, 9 мај 2020 (/) – Во САД на 87-годишна возраст денеска почина Литл Ричард, пејач, пијанист и композитор.
Неговото крстено име е Ричард Вејн Пениман.
Синот на музичарот, Дени Пениман ја потврди информацијата за смртта на неговиот татко. Се дознава дека причината за смртта е рак.
Литл Ричард се смета за еден од оснавчите на рокенролот. Се здоби со светска слава по неколку синглови како “Tutti Frutti”, “Long Tall Sally”, “She’s Got It” издадени во 1950-те години. Песните се препеани од многу музичари и артисти како Елвис Присли.
Пејачот е ставен во Холот на рокенрол славата во 1986 година и беше еден од првите со ова признание. кб/