Утрински Весник
Спорт

Умтити се повреди на индивидуален тренинг

Умтити се повреди на индивидуален тренинг
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона, 9 мај 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити ќе биде надвор од терените неодредено време поради повреда. На 26-годишниот играч му било дијагностицирано оштетување на мускул во десната нога. Дефанзивецот е повреден како резултат на денешните утрински индивидуален тренинг.

Како што ќе се одвива закрепнувањето, ќе се знае дали Французинот ќе може да учествува на претстојните тренинзи.

Ова не е прва повреда на Умтити оваа сезона. Поради оваа причина, тој играше на само 11 натпревари во Ла Лига. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер