Утрински Весник
Македонија

За една година издадени 4.220 младински картички

За една година издадени 4.220 младински картички
Dik 300x250 mk

Во јуни минатата година беше промовиран проектот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) наречен „Младинска картичка“ со која младите од 15 до 29 години имаат попусти и поволности во различни категории. Апликациите за картичката започнаа уште во јули, наредниот месец. За да се добие истата се аплицира онлајн, а потоа може да се подигне во Агенцијата за млади и спорт или на апликантите да им биде доставена по пошта. Меѓутоа поради неисполнување на предвидените услови, не сите кои аплицирале ја добиле истата.

„Заклучно со 1 мај 2020 година, младинската картичка досега е издадена на 4.220 лица, а аплицирале повеќе од 4.500, но не ги исполнувале предвидените критериуми како бараната возраст, неправилна фотографија, неколку пати аплицирано од едно лице, итн.“ – изјавија од Агенцијата за млади и спорт за Мета.

Со користење на младинската картичка предвидени се попусти од 5 до 50 проценти во хотели, кафулиња, ресторани, театри, киносали, транспорт, железница, цвеќари, најразлични шопинг продавници, фото студија, фризерски и салони за убавина, туристички агенции, спортски центри, стоматолошки ординации, книжари, итн. Најголемиот дел од бенефициите се во областа на хотелиерство и угостителство.

„Потпишани се вкупно 360 меморандуми за соработка и истите се потпишуваат на неопределено време“ – велат од Агенцијата.

Оттаму посочуваат дека соработката со партнерите продолжува по вонредната состојба.

„Следува и склучување нови меморандуми со нови субјекти во различни категории, како и процес на дигитализација на картичката, односно мобилна апликација со која ќе се овозможи лесно и едноставно користење на истата“ велат од АМС.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница