Утрински Весник
Македонија

Извршена дезинфекција на кичевскиот Зелен пазар

Извршена дезинфекција на кичевскиот Зелен пазар

Кичево,9 мај 2020 (МИА) – Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Кичево, изврши чистење и дезинфекција на Зелениот пазар како дел од мерките за превенција од ширење на коронавирусот по што зелениот, но и сточниот пазар почнаа со редовна работа.

-ЈКП „Комуналец“ презема мерки за превенција од ширење на вирусот. Во текот на вчерашниот ден извршено е перење на Зелениот пазар и спроведена е целосна дезинфекција од страна на овластени стручни служби, изјави раководителот на Зелениот пазар Арифи Алими при ЈКП „Комумалец” од Кичево.

Тој посочи дека од денеска  покрај зелениот пазар и сточниот пазар почна со нормална работа и тоа на вообичаен пазарен ден сабота како што е со години во Кичево. Пазарот ќе се работи целодневно, односно до 19 часот, за разлика од претходната сабота кога се работеше само до 14 часот, поради забраната за движење. рз/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

До 18 часот регистрирани шест пожари на отворено

Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи