Утрински Весник
Сцена

Принцот Ендрју во спор поради наводен долг од пет милиони фунти

Принцот Ендрју во спор поради наводен долг од пет милиони фунти

Лондон, 8 мај 2020 (/)Британскиот принц Ендру е во судски спор поради наводниот долг од 5 милиони фунти што требало да им го плати на продавачите на луксузната планинска куќа во модерното скијачко одморалиште Вербиер на швајцарските Алпи, објави „Ле Темпс“.

Според францускиот весник, војводата од Јорк и неговата поранешна сопруга Сара, војвотката од Јорк, купиле луксузна вила во Вербиер во 2014 година, но не ја исполниле својата договорна обврска да ги исплатат продавачите во целост најдоцна до декември 2019 година.

Портпаролот на британскиот принц потврди дека имало спор меѓу двете страни, но одби да даде дополнителни детали. паг/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка