Утрински Весник
Македонија

Во изминатото деноноќие во Велес нема прекршување на полицискиот час  

Општина Велес  со препораки до превозниците кои вршат јавен превоз на патници и други мерки за заштита од Ковид-19

Велес, 8 мај 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во Велес немало прекршување на полицискиот час, ниту, пак, нови лица во изолација и самоизолација.

Како што информираат од СВР Велес, во Квадарци, Неготино и Велес решенија за изолација имаат 116 лица. Најмногу Велес – 110, шест во Неготино. Во самоизолација се 57 лица, од кои 40 во Велес, 10 во Кавадарци и седум во Неготино.

Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

Инаку во текот на изминатото деноноќие,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес се регистрирани шест лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час, и тоа, две во Кавадарци и четири во Неготино, во Велес немало прекршители. ад/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски и Љутков на Промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските

Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период, откри Тошковски

НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија температурите во пораст!