Утрински Весник
Македонија

Предложени казни за 16 лица од Скопје за прекршување на полицискиот час

Предложени казни за 16 лица од Скопје за прекршување на полицискиот час

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Против вкупно 16 лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради непочитување на полицискиот час.

Како што соопшти ЈОРМ, сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност, стои во соопштението. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Единаесет наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација

Официјално пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

Затворен аеродромот во Тел Авив, македонската амбасада во Израел соопшти дека активна е само морска рута