Утрински Весник
Македонија

Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) –  Првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира утре и в недела, во раните утрински часови, информират градските власти.

Како што посочуваат од Градот, доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Градските власти ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Град Скопје во текот на минатата недела реализираше авионска дезинсекција против ларви од комарци. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во вчерашното невреме регистрирани оркански удари на ветер со брзина од 134 км/час, потврди УХМР

Рокас: Владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција

СДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар – одговорност мора да има