Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Дефиниравме нов пакет мерки за заживување на економијата и подинамичен развој

Спасовски: Дефиниравме нов пакет мерки за заживување на економијата и подинамичен развој

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Економскиот совет на СДСМ дефинира нов пакет мерки за заживување на економијата и иден подинамичен развој, објави премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук.

– Мерките треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија и вложување во домашното земјоделство, наведува Спасовски во објавата.

Тој натаму потенцира дека следува период кога Владата, министерствата и директорите на економските институции ќе разговараат со синдикатите, коморите и сите други соодветни институции и ќе ги објавуваат овие мерки. сп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Кога еко-активизмот станува блокада за развојот?