Утрински Весник
Спорт

Бекам го носи Пасторе во Мајами

Бекам го носи Пасторе во Мајами

Рим, 8 мај 2020 (МИА) – Интер Мајами на Дејвид Бекам се обидува да го привлече играчот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе.

Договорот на 30-годишниот Аргентинец истекува во 2023 година, но клубот е подготвен да го раскине во текот на летото поради многуте повреди.

Пасторе потпиша во летото 2018 година, а за него беа платени 24,7 милиони евра на ПСЖ, но поради здравствени причини тој пропушти 29 натпревари.
Клубот од МЛС веќе започна разговори со претставници на Аргентинецот, кој е подготвен да игра во Соединетите држави.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ