Утрински Весник
Македонија

Заев: Јуни е најприкладен период да се одржат избори, потребни ни се кредибилни и функционални институции

Заев: Јуни е најприкладен период да се одржат избори, потребни ни се кредибилни и функционални институции

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Демократски треба да постигнеме здраворазумски договор за одржување на изборите, но, не верувам дека ќе имаме вака прикладен период, како сега во јуни, секако под услов кризата со коронавирусот целосно да биде одмината. Сите земји го избегнуваат јули, затоа сметам дека јуни е поприкладно да се одржат изборите, секако со договор, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, во емисијата „На прав пат“ на Алсат телевизија.

Посочувајќи дека се потребни соодветни рокови за подготовка на избори, истакна дека во уредбата е наведен 21 ден од завршување на вонредна состојба и оти токму затоа се прави лидерска средба.
-Прв услов е кризата да биде целосно одмината, бројот на оздравени да биде видлив, потоа изборите да бидат мониторирани од ОБСЕ/ОДИХР, и секако ажурирањето на  Избирачкиот список, укажува Заев.
Причина плус за што поскоро одржување на избори, екако што вели, е тоа што немаме Парламент, а од друга страна имаме техничка, а не политичка влада, која треба да понесе одговорност.
-Ние сме парламентарна демократија, а немаме Парламент, ние сме парламентарна политичка демократија, треба да имаме политичка влада која ќе понесе одговорност, во вакви услови граѓаните немаат кај кого да се обратат, наведе Заев.
Тој додаде дека не помалку важна е и економијата, која и онака е во криза, а во време на избори, се наоѓа во еден вид рестрикција.
Бидејќи од Парламентот зависат економските политики, да не се доведеме да имаме уште еден пик за економијата, оцени Заев. лв/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?