Утрински Весник
Економија

Конференција „Зелена економија за излез од корона кризата“

Конференција „Зелена економија за излез од корона кризата“

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Конференција „Зелена економија за излез од корона кризата“ ќе се одржи денеска онлајн на е-платформата Зум во организација на Зелениот институт и Демократската обнова за Македонија со поддршка на фоднацијата „Биро де Хелинг“ од Холандија.

На конференција ќе се дебатира за тоа кои се преспективите за економскиот развој на македонското општество по корона кризата и како државните и локалните институции ќе овозможат отворање зелени работни места.

Целта е низ дебата да се дојде до заклучоци за потребните мерки за институционална поддршка на „озеленувањето“ на економијата од аспект на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.

– Истовремено, корона кризата наметна потреба и за редизајнирање на работните стандарди и прифаќање нова култура на живеење и работење, од аспект на заштита на здравјето на вработените, велат организаторите.

Поканети се експерти од областа на животната средина, претставници на институции и граѓански организации и еко-активисти. бак/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите

Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски