Утрински Весник
Македонија

Мицотакис: Добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Северна Македонија

Мицотакис: Добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Северна Македонија

Атина, 6 мај 2020 (МИА) – Добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Северна Македонија, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на учеството на Самитот ЕУ- Западен Балкан и како што информираат од неговиот кабинет, ја повикал нашата Влада да ги почитува обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно ја истакнал потребата да се одржи жива европската перспектива на Западен Балкан, потенцирајќи дека ЕУ интеграцијата на земјите од регионот е стратешки избор на Грција.

Мицотакис ја споменал и солунската агенда од 2003 година и рекол дека „текстот од Солун е актуелен и 17 години подоцна”.

Во однос на Албанија рекол дека е направен напредок, но сепак очекува чекори од албанската Влада за заштита на правата на грчкото малцинство.

Грчкиот премиер особено се задржал на бегалското прашање, барајќи од Европа да ја изврши нејзината обврска, а побарал и соработка со земјите од Западен Балкан во борбата со нелегалната миграција. ср/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава