Утрински Весник
Спорт

Дибала конечно се излечи од коронавирусот!

Дибала се поблиску до Јунајтед

Торино, 6 мај 2020 (МИА) – Одлична вест за Пауло Дибала и Јувентус дојде лично од аргентинската sвезда на „бјанконерите“. После неколкунеделна борба со лекувањето од КОВИД-19, Дибала конечно призна на социјалните мрежи дека веќе е целосно опоравен од коронавирусот.

Познат е фактот дека напаѓачот на гигантот од Торино не можеше да се избори со вирусот, откако четири последователни тестови покажаа дека тој сè уште е носител на инфекцијата. Најновиот тест беше направен во средата (6-ти мај), кој објави негативни вредности.

– Конечно сум излечен од КОВИД-19. Моето лице кажува се, откако конечно се опоравив од коронавирусот, напиша Дибала на Инстаграм.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство