Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд во Пожаране, во Штип ветер до 65 км/ч

УХМР: Поројни дождови во Струмичко и во Берово

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Најмногу наврнат воден талог во изминатите девет часа до 17 часот денеска има во Пожаране, Тетово – 6 литри на метар квадратен, во Лазарополе – 4 и Виница и Скопје – Зајчев Рид по 1 литар на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Дувал умерен до засилен северозападен ветер, кој во Штип достигнувал брзина до 65, а во Скопје-Зајчев Рид над 50 километри на час.

Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Во текот на ноќта врнежите ќе престануваат.

Во Скопје, времето ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер.

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје, времети претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Особено топло се  очекува во почетокот на следната седмица. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ