Утрински Весник
Спорт

Јувентус планира да го продаде Сами Кедира

Јувентус планира да го продаде Сами Кедира

Торино, 6 мај 2020 (МИА) – Италијанскиот првак Јувентус планира да го продаде играчот од средниот ред Сами Кедира, пренесува „Калчомеркато“.

Според информациите, клубовите од Англија и Соединетите држави покажале интерес за 33-годишниот Германец. Договорот на Кедира со Јувентус е до јуни 2021 година.

Играчот од средниот ред оваа сезона има само 17 натпревари за италијанскиот клуб, бидејќи се опоравуваше од повредата на коленото.

„Transfermarkt.com“ го проценува Кедира на 5,5 милиони евра.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство