Утрински Весник
Македонија

Османи: Обезбедивме вкупно 90 респиратори, тоа е доволен број за било каков иден предизвик или за втор пик на Ковид-19

Османи: Обезбедивме вкупно 90 респиратори, тоа е доволен број за било каков иден предизвик или за втор пик на Ковид-19

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Обезбедивме вкупно 90 респиратори, што е околу 50 отсто од вкупниот број респиратори со кои располага државата во моментов. Од нив 20 респиратори од норвешката Aмбасада, кои претходно беа земени во Турција, се повторно набавени и ќе пристигнат во земјава на 15 мај. Дополнителните 50 респиратори ќе пристигнат до крајот на овој месец, како и 20-те респиратори на ЕУ.

Ова на прес-конференција го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со Ковид-19 пандемијата.

– Мислам дека тоа е доволен број за  каков било иден предизвик и за втор пик или пак за наредниот период. Врз основа на овие податоци Министерството за здравство констатираше дека нема потреба дополнително да набави, затоа што овие обезбедени респиратори ги задоволуваат потребите на здравствениот систем во државата да се справи со овој тек на пандемијата, изјави Османи.

Рече дека од досега веќе споменатите четири милиони евра од ЕУ кои беа доделени за набавка на медицински материјали, вчера пристигнаа десетици илјади N95 маски и стотици илјади хируршки маски кои, како што истакна, беа распределени на здравствените установи.

– Педесет милиони евра веќе се распределија, односно се програмираа, со тоа што 30 милиони ќе бидат наменети за малите и средни претпријатија, десет милиони за помош на неформалната економија, пет милиони ќе бидат задржани за поддршка на процесот на преговори, затоа што во меѓувреме се активираше овој процес. Во рамки на микрофинансиската поддршка, добивме мек заем од ЕУ од 160 милиони евра за да се задржи економската стабилност и ликвидност, истакна Османи.

Потсети дека САД, покрај првичните 1,1 милиони американкски долари го зголемија износот со 330.000 долари како поддршка на активностите на Црвениот крст.

– Од земјите кои не се членки на ЕУ ќе ја издвојам Норвешка која продолжува со помагање, Чешка со еден милион маски, а денеска стигна и ново писмо од чешката Амбасада доколку има друга потреба за помош, а морам да ги споменам и Унгарија, Кина, Турција, Словенија кои помогнаа но се разбира и од меѓународите организации – Светската банка обезбеди сто милиони долари заем за поддршка на здравствениот систем и за справување на социо-економските последици, рече тој.

Истакна дека слични се и условите и за заемот од ММФ, за поддршка на здравствените потреби, макроекономската стабилност со 160 милиони евра. – Ако на ова ги додадеме и 160 милиони евра од ЕУ, вкупниот заем од овие институции изнесува над 400 милиони евра, додаде Османи. нд/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје