Утрински Весник
Сцена

Нетфликс објави нов трејлер од „Вселенски сили“ со Стив Карел (видео)

Нетфликс објави нов трејлер од „Вселенски сили“ со Стив Карел (видео)

Лос Анџелес, 6 мај 2020 (/) – По цело десетлетие откако заврши светскиот хит „Канцеларија“, Стив Карел се враќа во нова хумористична серија. Станува збор за „Space force“ (Вселенски сили), на Нетфликс.

По објавувањето на новиот трејлер, обожавателите на комичарот коментираат дека смислата за хумор е истата.

Во новата научнофантастична комедија, Карел го глуми искусниот пилот и генерал Марк Нерд.

– Ќе има недостатоци! Но, големината никогаш не се стекнува без жртви!, вели генералот во трејлерот.

Прикажувањето на серијата треба да почне на 29 мај.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка