Утрински Весник
Македонија

Превентивна акција против коронавирус во Кавадарци

Превентивна акција против коронавирус во Кавадарци

Кавадарци, 6 мај 2020 (МИА) – Превентивна акција против коронавирус се реализираше денеска во Кавадарци. На влезовите во градскиот зелен пазар, од страна на полициски службеници, волонтери на Црвениот крст, преставници од ЈП паркинг и „Мој Општинар“ се делеа едукативни флаери, во кои се содржани препораките за носење заштитна опрема, држење социјална дистанца и други препораки за заштита и превенција од вирусот.

-Оние граѓани и продавачи на тезгите кои во пазарот влегуваа без заштитна опрема, беа предупредувани и им беа на лице место поделени заштитни маски. Бројот на лицата кои немаа заштитна опрема беше многу мал. Помеѓу оние лица кои поминаа низ градскиот пазар и кои ги почитуваа препораките за носење заштитна опрема, беше и градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција и претседател на Општинската организација на Црвен крст. свд/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме