Утрински Весник
Македонија

Осум казнени налози од ОЈО Скопје за непочитување на полицискиот час

Изминатото деноноќие 84 лица не го почитувале полицискиот час

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени акти против 8 лица кои не го почитувале полицискиот час, односно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од ОЈО Скопје.

– Лицата биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола, со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од обвинителство.

Предложената казна за секој од обвинетите е 100 дневни глоби, при што Јавното обвинителство предлага висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана