Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 мај 2020 (МИА)На 5 април во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Радика“ ги лишиле од слобода П.К.(20) и О.М.(20), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2020 во 16.32 часот било пријавено дека во Битола кај с.Средно Егри се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „солис“, со битолски регистарски ознаки, управуван од М.Н.(38) од с.Средно Ерги, битолско, и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(21) од с.Могила, битолско. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од мотоциклот, Д.С.(28) од с.Средно Ерги, битолско, се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

На 05.05.2020 во 15.50 часот во Полициската станица Центар К.К.(64) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 05.05.2020 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром С.У.(63) од Скопје пријавила дека на ул.„Бојмија“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Денот на Републиката, Мицкоски во Крушево, Давкова на Пелинце, Гаши во Скопје

(Видео) Анкета: Дали платите на функционерите се високи? Еве што велат граѓаните

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка